„Ако не можете да нахраните стотина луѓе, тогаш нахранете барем еден човек.“ – Мајка Тереза



Деновиве Скопје се соочува со голем предизвик… Онаков, каков што немало многу години наназад. Се’ се случи многу брзо, сосема неочекувано. За само малку повеќе од два часа, 800 громови се насочија токму кон котлината каде што лежи нашиот главен град. За кратко, силен дожд придружуван со ветер предизвика штети од невидени размери во Стајковци, Ченто, Смилковци, Инџиково, Страчинци, Арачиново и други населени места. За жал, имаше и жртви..

Само ден потоа, беше јасно дека жителите на овие места не можат сами да излезат на крај со оваа голема непогода. Нивните домови се поплавени, имотот и посевите сосема уништени, добитокот угинат. Некои од нив изгубија се’ она што спечалиле во текот на својот живот.

 

 

 

Тимот на АДРА Македонија, заедно со тимот на Вистински дела на љубезност ја препозна потребата за укажување на помош на овие семејства. Затоа, во соработка со менаџментот на CAPITOL Mall беше експерсно отворен пункт за собирање на храна, средства за одржување на хигиена, и се’ она што граѓаните сакаат да донираат со цел да им се помогне на семејствата кои силното невреме ги остави во крајно незавидна положба.

Граѓаните пак, својата хуманост ја покажуваат секојдневно и несебично, донирајќи се’ она што сметаат дека е потребно за да им се укаже помош и поддршка на загрозените семејства.

13938489_1760825657495751_6809485323077907554_n

 

 

 

14089233_1763250820586568_6404819786049257106_n

Им изразуваме голема благодарност на сите оние кои не’ поддржуваат овие неколку дена и со свој придонес ни даваат уште поголем елан да продолжиме посветено да работиме и помагаме на оние на кои им е најпотребно.