Мани

    мкд | eng |

за сите на кои помошта им е најпотребна

Следи не:
следи не на YouTube следи не на Facebook следи не на Instagram


Сподели со останатите:
Twitter Twitter LinkedIn


Акција
Проект - Жените пчелари

Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, финансира тригодишен проект (април 2023 – октомври 2025), за развој на руралните средини во РС Македонија.

Новогодишни пакети

Денеска во Занаетчиски дом – Куманово, официјално беше објавен почетокот на проектот, со поддршка на Центарот за развој на Североисточен плански регион (ЦРСИПР). На настанот присуствуваа претставници на Амбасада на Р Словенија во РС Македонија, кои претходно остварија средба со градоначалникот на Општина Куманово, раководните лица на локалниот партнер за спроведување – АДРА од Словенија и Македонија, членови на здружението – Пријатели на пчелата, претставници од општините Куманово и Свети Николе и медиумите. Главна цел на проектот е зајакнување на пчеларски семејства во областа на органското пчеларство, со акцент на вклученоста на жените и младите. Одбрани се Североисточен и Вардарски регион, бидејќи овие области имаат поволни услови за развој на оваа земјоделска гранка.

Новогодишни пакети
Новогодишни пакети




Сакате да станете дел од нашиот тим?

Во основа, АДРА се ба­зи­ра на прин­ци­пот: од луѓе за луѓе. Ва­шата по­мош мо­же да спа­си жи­воти. Спо­ред Ва­ши­те мож­нос­ти, при­клу­че­те се со ак­тив­но во­лон­тер­ство и по­ка­же­те ја ху­ма­но­ста на дело.

АДРА гриж­ли­во и вни­ма­тел­но ги за­па­зу­ва си­те заш­тит­ни мер­ки за сво­ите во­лон­те­ри. Исто та­ка, мо­же­те да до­ни­ра­те фи­нан­си­ски сред­ства или да ги по­да­ри­те ва­ши­те ма­те­ри­јал­ни до­бра кои по­ве­ќе не ги ко­рис­ти­те (об­ле­ка, ме­бел, те­хни­ка итн).

Пријави се како волонтер



Дали си спремен да помогнеш?

И ма­ла до­на­ци­ја мо­же да спа­си жи­во­ти. Вку­се­те ја и Вие уба­ви­на­та и ра­дос­та на да­ва­ње­то (дознај повеќе). Ва­ша­та по­мош е не­оп­ход­на за ние да мо­же­ме да по­ма­га­ме та­му ка­де што е нај­по­тре­бно.

Вашата донација и по­мош тран­спа­рен­тно ќе би­дат рас­пре­де­ле­ни и упо­тре­бе­ни та­му ка­де што е нај­по­тре­бно. За се­ко­ја до­на­ци­ја ќе би­де из­го­твен сер­ти­фи­кат / бла­го­дар­ни­ца од АДРА.

Во тек е подготовка за online донирање.
До тогаш, Вашите финансиски донации можете да ги уплаќате на:

Добротворно здружение АДРА
жиро с-ка 200000016914658
Стопанска банка АД Скопје

Донацијата се однесува на:




    Откако ќе ја испратите информацијата за вашата донација, за не повеќе од 24 часа ќе бидете контактирани од нашиот тим за истата да биде подигната од адресата што е посочена

Менувајќи ги животите на поединци, го менуваме светот

Одговорност на АДРА е да би­де гла­сот на прав­да­та, со­чув­ство­то и љу­бов­та. Пре­ку сво­ја­та ак­тив­на мре­жа на кан­це­ла­рии АДРА деј­ству­ва во по­ве­ќе од 130 зе­мји, ка­де раз­ви­ва про­гра­ми за дол­го­ро­чен ра­звој и по­мош во итни си­ту­ации.

1234

Дознајте повеќе за АДРА и останете во контакт со нас.

Помош во катастрофи

Катастрофите бараат итно делување

Кога им требаме ние сме веќе таму
Обезбедување на помош при катастрофи и олеснување на условите на заедниците кои се соочуваат со нив е еден од најсилните аспекти од работата на АДРА. Глобалното присуство на организацијата и можноста да се вклучи активно со средства за помош овозможува да се реагира веднаш штом ќе се појави потреба. Финансиските средства, материјалите и човечките ресурси се координираат од страна на локалните претставништва на АДРА кои се наоѓаат најблизу до местото каде што се случила катастрофата, со цел плановите да се активираат што е можно побргу и потребната помош да се насочи во областите кои се најмногу погодени од таа катастрофа.

Навремена реакција може да спаси илјадници животи.

Нашето делување се состои од:

  • Медицинска помош од стручни лица
  • Обезбедување на храна, вода и облека
  • Санирање на материјалните штети
  • Техничка поддршка од нашите стручни тимови




  • Едукација

    Образованието може све да промени

    1 од 5 деца ширум светот не се на училиште
    Децата со попреченост и децата во криза се соочуваат со најмногу пречки да се стекнат со образование и трпат најостри последици кога ќе ги пропуштат. Образованието за сите може да помогне да бидат заштититени од насилство, злоупотреба и експлоатација, па дури и да се намали ранливоста во природни катастрофи. Образувано дете или возрасен има можност за иднина, што не би било можно без образование. Жената со образование има поголем потенцијал за заработка и поздрави деца, и колку повеќе образование стекнува лицето, толку повеќе можности стануваат достапни.

    Образованието што го менува животот се случува во и надвор од училницата!

    Еве неколку начини на кои помагаме да ги отстраниме пречките за учење:

  • Помагање на младите луѓе за пристап до основно, средно и високо образование
  • Обезбедување на училишен и друг потребен наставен прибор
  • Настава на писменост и математика на возрасните
  • Обезбедување на техничко и стручно образование




  • Здравје

    Нашето здравје може да биде погодено од скоро сите аспекти на нашите животи

    Здравјето е во срцето на толку голем дел од сиромаштијата и страдањата во светот
    Кога заедниците немаат доволно храна, кога зависат од небезбедни извори на вода, кога немаат пристап до сигурна здравствена поддршка, секој живот страда. Наоѓањето на одржливи начини за подобрување на пристапот до исхраната, чистата вода и здравствените ресурси може да биде разликата помеѓу животот и смртта за мажите, жените и децата што ни помагате да им служиме низ целиот свет секој ден.

    Еве само неколку од начините на кои помагаме да изградиме поздрав живот за оние на кои им служиме:

  • Подобрување на пристапот до безбедни извори на вода
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни решенија
  • Помагање на семејствата при пристап до здрава храна
  • Поддршка на бремени жени и мајки со новороденчиња во избор и подготовка на здрава исхрана
  • Обука на здравствените работници во заедницата и снабдување со решенија за транспорт
  • Психосоцијална поддршка
  • Зачетоци

    Започнавме со малку средства, но со многу воља...

    1997 година, АДРА добива статус на Генерален советник од страна на Обединетите нации

    АДРА е основана во 1956 година од страна на Адвентистичката црква. Пред организацијата да го добие името Аdventist Development and Relief Agency (АДРА) во 1984, нејзиниот назив беше два пати променет. Првично наречена Адвентистичка служба за социјална заштита, во 1973 година оваа организација го смени името во Светски сервис на Адвентистите на Седмиот ден. Иако на почетокот го менуваше својот назив, АДРА ги задржа своте основни принципи на дејствување непроменети. Во 1958 година, Адвентистичката служба за социјална заштита испрати пакети за помош на 22 земји, со вкупна вредност од $485,000. Четири години подоцна, бројот на земји на кои им беше пратена помош се зголеми на 29, со вкупна вредност на пратките од $2.3 милиони. Во овој период, помош добија земји во Јужна Америка и на Блискиот Исток, како загрозени подрачја на кои се случија големи катастрофи. Во текот на 1970-тите, АДРА почна да ја проширува својата мисија која сега опфаќаше сфери од помош при катастрофи до проекти за долгорочен развој на ранливите заедници. Од почетната бројка од околу 600 лица вклучени во пружање помош на меѓународно ниво, ние ги проширивме нашите програми и тоа: градење здравствени клиники во некои делови на Африка, помош на жртвите од ураган во Централна Америка, настава за хигиена и здравје на деца во Азија, и поддршка при едукација на жени и девојчиња. Во 1997 година, АДРА добива статус на Генерален советник од страна на Обединетите нации, што претставува највисок статус доделен на една невладина организација. Ова ни овозможи учество во меѓународната заедница во многу пошироки размери.апни.



    Нова деценија, иста мисија

    Денес, на глобално ниво, АДРА е една од водечките хуманитарни организации

    Оваа организација активно работи во повеќе од 130 земји, каде се вклучени околу 6.000 вработени и волонтери. Иако нашите канцеларии често пати се многу оддалечени една од друга, ние работиме заедно како една целина со една единствена крајна цел – позитивна трансформација во светот. Нашите тимови секојдневно активно работате во насока на изнаоѓање на нови начини да обезбедиме храна за гладните и вода на жедните, да им го покажеме патот на изгубените. Како што се зголемуваат потребите и предизвиците, така и ние се стремиме да ја оствариме нашата мисија како одраз на Божјата љубов, преку хумани дела на љубезност.








    Во 2013 година, АДРА со сво­ите под­држу­ва­чи и парт­не­ри од це­ли­от свет ус­пеа да по­мог­не и да вли­јае на по­ве­ќе од 21,7 ми­ли­они луѓе.



    Во основа, мисијата на АДРА се те­ме­ли на дла­бо­ко уве­рy­ва­ње де­ка пре­ку за­јак­ну­ва­ње на парт­нер­ства со дру­ги ор­га­ни­за­ции мо­же да се на­пра­ват по­зи­тив­ни про­ме­ни во жи­во­тот на оние кои се из­ло­же­ни на стра­да­ња и жи­вот во си­ро­маш­тија. Ние се за­ла­га­ме за кре­ира­ње на ста­бил­ни од­но­си со ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци и ор­га­ни­за­ции, се со цел да мо­же­ме пре­ку на­ша­та ра­бо­та ди­рек­тно да вли­ја­еме на оние на кои им е нај­по­треб­на на­ша­та по­мош. Ис­то та­ка, ние гра­ди­ме и се пот­пи­ра­ме на не­про­цен­ли­ви­те парт­нер­ства со вла­ди­ни и не­вла­ди­ни парт­нери на си­те ни­воа, со цел да се пот­тик­нат трај­ни про­ме­ни во др­жа­ви­те во кои сме активни.

    Децении наназад, АДРА одржува стабилно партнерство со канцелариите на Обединетите нации. Преку поддршка на различни иницијативи на ОН и спроведување на програми на терен, АДРА и ОН работат заедно со цел да се задоволат потребите на оние кои живеат во најсиромашните делови во светот. Како активни членови во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации (ECOSOC), учествуваме во дискусиите за пронаоѓање иновативни решенија и одржлив развој.
    Низ годините минати во работа, АДРА создаде партнерства со Светската програма за храна, УНХЦР, СЗО, УНИЦЕФ и други организации на ОН. Заедно со нив, само во текот на 2013 година, помогнавме на 1.964.085 луѓе од целиот свет.
    Како организација, АДРА создава партнерства со јавни организации кои имаат важна улога во исполнувањето на нашата мисија. Со здружување со владини агенции за помош и хуманитарни организации ширум светот, АДРА ги проширува можностите за нови достигнувања и го продлабочува својот капацитет.
    Партнерствата кои ги создава оваа хуманитарна организација се во насока на обезбедување помош при итни случаи и развој на проекти кои опфаќаат различни земји и сектори. Оваа интернационална организација добива поддршка од Канцеларијата на САД за поддршка на странски држави при катастрофи (OFDA) и Агенцијата на САД за меѓународен развој – Храна за мир (USAID FFP). Со континуирана поддршка од партнерите, АДРА успешно обезбедува помош и поддршка за сите оние кои живеат во сиромаштија и се изложени на страдања. Со одговорно дејствување, нашите посветени тимови на волонтери успешно создаваат реални промени во многу општества.
    Домашни
    Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи, Министерство за образование, Министерство за Здравство, Црвен Крст на РМ и на Град Скопје, Локалните самоуправи на Штип, Ресен, Струмица, Македонски Брод, Виница, Центрите за социјални работи на Другово, Ново село, Гевгелија, Скопје, Јавна Установа за лица со интелектуална попреченост во Битола, Мајчин Дом Битола, ПОУ Иднина Скопје, ПОУ Сандо Масев Струмица, Посебно Средно Училиште за образование и рехабилитација ИСКРА Штип, ЦЛИП-Порака Прилеп, ОУ Климент Охридски Македонски Брод, Детска Клиника Скопје, Болница за белодробни заболувања на деца Козле- Скопје, ОУ Кочо Рацин од село Блатец- Виница.

    Меѓународни
    UNHCR, IOM, ADRA International, UNICEF, ADRA Германија, ADRA Norway, ROMANIAHJELPEN, SOS Village, ADRA Holland, Mercy Corps, CRS, MDM.

    АДРА секогаш е по­све­те­на во спро­ве­ду­ва­ње на ви­со­ки стан­дар­ди на тран­спа­рент­ност и фи­нан­си­ска од­го­вор­ност при ра­бо­те­ње­то и кре­ира­ње­то на на­ши­те про­гра­ми. Фи­нан­сис­ки­те из­веш­таи на АДРА Ин­тер­на­цио­нал на го­диш­но ни­во се лес­но до­стап­ни, со што се ово­змо­жу­ва пре­глед на вли­ја­ни­ето на на­ша­та мре­жа во гло­бал­ни рамки.


    Адреса:
    ул. Влае бр. 42, Скопје 1000, Р. Македонија

    Тел./Факс:
    +389 2 204 8038

    емаил:
    contact@adra.org.mk

    Ванчо Трајковски
    Директор

    14 години активност во хуманитарен менаџмент, во соработка со релевантни институции и локални невладини организации, УНХЦР, ИОМ, ОБСЕ, УНДП, УНИЦЕФ, АјЈДЕ МАКЕДОНИЈА и др...

    e-mail контакт
    Сарита Ескуиердо-Пинедо
    Асистент/благајник

    Професионален логопед, особено искуство во работа со аутистични деца.

    e-mail контакт
    Дејан Антиќ
    Проект менаџер

    HR-специјалист. Повеќегодишно искуство во оперативно менаџирање и управување со проекти. Под негов директен надзор и логистика, помогнати и развиени се над 100 бизниси во Македонија и регионот.

    e-mail контакт
    Зоран Велковски
    Проект координатор

    Сертифициран тренер за развој на кариера, лидерство и образование. Експерт за управување со кампањи, застапување и лобирање, управување со финансиите за меѓународни проекти и финансиските извештаи на УНХЦР, УНДП, УСАИД, БПРМ, ОФДА, СИДА, ЕУ.

    e-mail контакт
    Др. Тихомир Златановски
    Стручен советник

    Познат врвен гинеколог. Долгогодишна активна поддршка при советување за здравствена превентива и лечење.

    e-mail контакт
    Зорана Костовска
    Маркетинг

    Богато искуство во маркетинг менаџирањето. Долгогодишен менаџер на популарната Македонска пејачка Есма Реџепова.

    e-mail контакт
    Денис Тенев
    Визуелна комуникација

    Визуелен уметник (сликар, графички и веб дизајнер, фотограф...) Има оставерно повеќе самостојни и групни изложби во земјава и странство.

    e-mail контакт


    Често поставувани прашања

    Како можам да волонтирам за АДРА?
    На меѓународно ниво, се потпираме на вештините и услугите на локалните волонтери за имплементација на нашите програми. Волонтерите играат клучна улога во помагањето да допреме до заедниците на кои им е потребна помош. Отворените позиции за волонтирање се различни во секоја канцеларија на АДРА.

    Како се финансира АДРА?
    Во 2013 година трошоците на програмите на АДРА достигнаа 137 милиони долари. Овие средства беа собрани преку придонес од хумани индивидуи како вас, корпорации, фондации и други ентитети. Исто така добиваме финансиски средства и продукти од владини и меѓувладини организации како што се УСАИД и Обединетите нации.

    Со што се занимава АДРА?
    Преку нејзината меѓународна мрежа, АДРА обезбедува помош и поддршка за развој на поединци во повеќе од 130 земји – без разлика на нивната етничка припадност, политичка определба или религија. Преку остварување партнерства со заедници, организации и власти, АДРА овозможува подобрување на квалитетот на животот на милиони луѓе преку 9 области на влијание.

    Што се крие зад името АДРА?
    Адвентистичката агенција за помош и развој (Adventist Development and Relief Agency – ADRA) е глобална хуманитарна организација на Црквата на адвентистите на седмиот ден. Основана во 1956 година како Добротворна служба на адвентистите на седмиот ден, и преименувана во АДРА во 1984 година, агенцијата има долга и успешна историја на обезбедување хуманитарна помош и на имплементирање развојни иницијативи.
    powered by TenevArt.at