Споделуваме со Вас интересни теми кои ќе ве мотивираат да донесете здрави одлуки во Вашиот живот. Бидете во тек и дознајте повеќе како размислува нашиот тим.
Децении наназад, АДРА одржува стабилно партнерство со канцелариите на Обединетите нации. Преку поддршка на различни иницијативи на ОН и спроведување на програми на терен,
АДРА и ОН работат заедно со цел да се задоволат потребите на оние кои живеат во најсиромашните делови во светот. Како активни членови во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации
(ECOSOC), учествуваме во дискусиите за пронаоѓање иновативни решенија и одржлив развој.
Како организација, АДРА создава партнерства со јавни организации кои имаат важна улога во исполнувањето на нашата мисија. Со здружување со владини агенции за помош и хуманитарни организации ширум светот,
АДРА ги проширува можностите за нови достигнувања и го продлабочува својот капацитет.
Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи, Министерство за образование, Министерство за Здравство, Црвен Крст на РМ и на Град Скопје,
Локалните самоуправи на Штип, Ресен, Струмица, Македонски Брод, Виница, Центрите за социјлани работи на Другово, Ново село, Гевгелија, Скопје,
Јавна Установа за лица со интелектуална попреченост во Битола, Мајчин Дом Битола, ПОУ Иднина Скопје, ПОУ Сандо Масев Струмица,
Посебно Средно Училиште за образование и рехабилитација ИСКРА Штип, ЦЛИП-Порака Прилеп, ОУ Климент Охридски Македонски Брод, Детска Клиника Скопје,
Болница за белодробни заболувања на деца Козле- Скопје, ОУ Кочо Рацин од село Блатец- Виница.
Ванчо Трајковски
Сарита Ескуиердо-Пинедо
Дејан Антиќ
Зоран Велковски
Др. Тихомир Златановски
Зорана Костовска
Денис Тенев