Од денес на лицата постари од 65 години во Општина Бутел и Општина Чучер-Сандево, кои не се во можност сами да се грижат за себе, на располагање им е новата социјална услуга – помош и нега во сопствениот дом. За нив ќе се грижат негувателки и негуватели од центарот за нега, кој започна со работа од 22 Јули, 2021, а е лоциран во населбата Бутел 2. Иницијално, услугата ќе ја добиваат околу 50 лица од двете општини.
Фото: АДРА Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на здружението на граѓани ADRA Macedonia, кое ќе ја обезбедува услугата му ја додели дозволата за вршење дејност од социјална заштита за услугата помош и нега во домот. Оваа услуга е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го имплементира Министерство за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.
Повеќе информации може да добиете во седиштето на нега центарот кое се наоѓа во населбата Бутел 2 на ул. Ферит Бајрам бр. 17, или на телефоните: 02/204 8038 и 077/756-000
Фото: АДРА Македонија
Фото: АДРА Македонија
Адра Македонија е дел од организациите кои добија грант за развој на социјални услуги на локално ниво како дел од првиот јавен повик на Проектот за подобрување на социјалните услуги.
Фото: АДРА Македонија
Фото: АДРА Македонија
Фото: АДРА Македонија
Фото: АДРА Македонија
Изјави на корисници на услугите:
ПОМОШТА ШТО ЈА ДОБИВАМ ОД НЕГУВАТЕЛОТ ОД АДРА МИ БЕШЕ МНОГУ ПОТРЕБНА, БИДЕЈЌИ ДОДЕКА МОЈАТА ЌЕРКА Е НА РАБОТА НЕ МОЖАМ ДА СЕ ГРИЖАМ ЗА СЕБЕСИ.
СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ МОЖАТ СИТЕ СТАРИ ЛИЦА КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ДА ЈА КОРИСТАТ ИСТАТА УСЛУГА.
Фото: АДРА Македонија
ЖЕЛБАТА ДА МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА МЕНЕ А ДА НЕ БИДАМ СМЕСТЕНА ВО ДОМ МИ СЕ ИСПОЛНИ СО АНГАЖИРАЊЕТО НА НЕГУВАТЕЛ. МНОГУ УБАВА ИДЕЈА И МНОГУ МИ ПОМАГА ВО МОМЕНТИТЕ КОГА САКАМ ДА СЕ ИСКАЖАМ И ИМА КОЈ ДА МЕ СОСЛУША. БЛАГОДАРАМ.
Фото: АДРА Македонија
Фото: АДРА Македонија
Сакате да станете дел од нашиот тим?
Во основа, АДРА се базира на принципот: од луѓе за луѓе. Вашата помош може да спаси животи.
Според Вашите можности, приклучете се со активно волонтерство и покажете ја хуманоста на дело.
Фото: АДРА Македонија
АДРА грижливо и внимателно ги запазува сите заштитни мерки за своите волонтери. Исто така, можете да донирате финансиски средства или да ги подарите вашите материјални добра кои повеќе не ги користите (облека, мебел, техника итн).
Дали си спремен да помогнеш?
И мала донација може да спаси животи. Вкусете ја и Вие убавината и радоста на давањето (дознај повеќе). Вашата помош е неопходна за ние да можеме да помагаме таму каде што е најпотребно.
Фото: АДРА Македонија
Вашата донација и помош транспарентно ќе бидат распределени и употребени таму каде што е најпотребно. За секоја донација ќе биде изготвен сертификат / благодарница од АДРА.
Во тек е подготовка за online донирање. До тогаш, Вашите финансиски донации можете да ги уплаќате на:
Добротворно здружение АДРА жиро с-ка 200000016914658 Стопанска банка АД Скопје
Менувајќи ги животите на поединци го менуваме светот
Одговорност на АДРА е да биде гласот на правдата, сочувството и љубовта. Преку својата активна мрежа на канцеларии АДРА дејствува во повеќе од 130 земји, каде развива програми за долгорочен развој и помош во итни ситуации.
Фото: АДРА Македонија
Дознајте повеќе за АДРА и останете во контакт со нас.
Помош во катастрофи
Катастрофите бараат итно делување
Кога им требаме ние сме веќе таму
Обезбедување на помош при катастрофи и олеснување на условите на заедниците кои се соочуваат со нив е еден од најсилните аспекти од работата на АДРА.
Глобалното присуство на организацијата и можноста да се вклучи активно со средства за помош овозможува да се реагира веднаш штом ќе се појави потреба.
Финансиските средства, материјалите и човечките ресурси се координираат од страна на локалните претставништва на АДРА кои се наоѓаат најблизу до местото каде што се случила катастрофата,
со цел плановите да се активираат што е можно побргу и потребната помош да се насочи во областите кои се најмногу погодени од таа катастрофа.
Навремена реакција може да спаси илјадници животи.
Нашето делување се состои од:
Медицинска помош од стручни лица
Обезбедување на храна, вода и облека
Санирање на материјалните штети
Техничка поддршка од нашите стручни тимови
Едукација
Образованието може све да промени
1 од 5 деца ширум светот не се на училиште
Децата со попреченост и децата во криза се соочуваат со најмногу пречки да се стекнат со образование и трпат најостри последици кога ќе ги пропуштат.
Образованието за сите може да помогне да бидат заштититени од насилство, злоупотреба и експлоатација, па дури и да се намали ранливоста во природни катастрофи.
Образувано дете или возрасен има можност за иднина, што не би било можно без образование.
Жената со образование има поголем потенцијал за заработка и поздрави деца, и колку повеќе образование стекнува лицето, толку повеќе можности стануваат достапни.
Образованието што го менува животот се случува во и надвор од училницата!
Еве неколку начини на кои помагаме да ги отстраниме пречките за учење:
Помагање на младите луѓе за пристап до основно, средно и високо образование
Обезбедување на училишен и друг потребен наставен прибор
Настава на писменост и математика на возрасните
Обезбедување на техничко и стручно образование
Здравје
Нашето здравје може да биде погодено од скоро сите аспекти на нашите животи
Здравјето е во срцето на толку голем дел од сиромаштијата и страдањата во светот
Кога заедниците немаат доволно храна, кога зависат од небезбедни извори на вода, кога немаат пристап до сигурна здравствена поддршка, секој живот страда.
Наоѓањето на одржливи начини за подобрување на пристапот до исхраната, чистата вода и здравствените ресурси може да биде разликата помеѓу животот и смртта за мажите, жените и децата што ни помагате да им служиме низ целиот свет секој ден.
Еве само неколку од начините на кои помагаме да изградиме поздрав живот за оние на кои им служиме:
Подобрување на пристапот до безбедни извори на вода
Обезбедување на хигиенски и санитарни решенија
Помагање на семејствата при пристап до здрава храна
Поддршка на бремени жени и мајки со новороденчиња во избор и подготовка на здрава исхрана
Обука на здравствените работници во заедницата и снабдување со решенија за транспорт
Психосоцијална поддршка
Зачетоци
Започнавме со малку средства, но со многу воља...
1997 година, АДРА добива статус на Генерален советник од страна на Обединетите нации
АДРА е основана во 1956 година од страна на Адвентистичката црква. Пред организацијата да го добие името Аdventist Development and Relief Agency (АДРА) во 1984,
нејзиниот назив беше два пати променет. Првично наречена Адвентистичка служба за социјална заштита, во 1973 година оваа организација го смени името во Светски сервис на Адвентистите на Седмиот ден.
Иако на почетокот го менуваше својот назив, АДРА ги задржа своте основни принципи на дејствување непроменети.
Во 1958 година, Адвентистичката служба за социјална заштита испрати пакети за помош на 22 земји, со вкупна вредност од $485,000.
Четири години подоцна, бројот на земји на кои им беше пратена помош се зголеми на 29, со вкупна вредност на пратките од $2.3 милиони.
Во овој период, помош добија земји во Јужна Америка и на Блискиот Исток, како загрозени подрачја на кои се случија големи катастрофи.
Во текот на 1970-тите, АДРА почна да ја проширува својата мисија која сега опфаќаше сфери од помош при катастрофи до проекти за долгорочен развој на ранливите заедници.
Од почетната бројка од околу 600 лица вклучени во пружање помош на меѓународно ниво, ние ги проширивме нашите програми и тоа: градење здравствени клиники во некои делови на Африка,
помош на жртвите од ураган во Централна Америка, настава за хигиена и здравје на деца во Азија, и поддршка при едукација на жени и девојчиња.
Во 1997 година, АДРА добива статус на Генерален советник од страна на Обединетите нации, што претставува највисок статус доделен на една невладина организација.
Ова ни овозможи учество во меѓународната заедница во многу пошироки размери.апни.
Нова деценија, иста мисија
Денес, на глобално ниво, АДРА е една од водечките хуманитарни организации
Оваа организација активно работи во повеќе од 130 земји, каде се вклучени околу 6.000 вработени и волонтери.
Иако нашите канцеларии често пати се многу оддалечени една од друга, ние работиме заедно како една целина со една единствена крајна цел – позитивна трансформација во светот.
Нашите тимови секојдневно активно работате во насока на изнаоѓање на нови начини да обезбедиме храна за гладните и вода на жедните, да им го покажеме патот на изгубените.
Како што се зголемуваат потребите и предизвиците, така и ние се стремиме да ја оствариме нашата мисија како одраз на Божјата љубов, преку хумани дела на љубезност.
Најново од блогот на АДРА
Споделуваме со Вас интересни теми кои ќе ве мотивираат да донесете здрави одлуки во Вашиот живот. Бидете во тек и дознајте повеќе како размислува нашиот тим.
Убавината на давањето
Што е вистинска едукација?
Како да се соочиме со страдањето?
Во 2013 година, АДРА со своите поддржувачи и партнери од целиот свет успеа да помогне и да влијае на повеќе од 21,7 милиони луѓе.
Фото: АДРА Македонија
Во основа, мисијата на АДРА се темели на длабоко уверyвање дека преку зајакнување на партнерства со други организации може да се направат позитивни промени во животот на оние кои се изложени на страдања и живот во сиромаштија.
Ние се залагаме за креирање на стабилни односи со локалните заедници и организации, за да можеме преку нашата работа директно да влијаеме на оние на кои им е најпотребна нашата помош. Исто така, ние градиме и се потпираме на непроценливите партнерства со владини и невладини партнери на сите нивоа, со цел да се поттикнат трајни промени во државите во кои сме активни.
Децении наназад, АДРА одржува стабилно партнерство со канцелариите на Обединетите нации. Преку поддршка на различни иницијативи на ОН и спроведување на програми на терен,
АДРА и ОН работат заедно со цел да се задоволат потребите на оние кои живеат во најсиромашните делови во светот. Како активни членови во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации
(ECOSOC), учествуваме во дискусиите за пронаоѓање иновативни решенија и одржлив развој. Низ годините минати во работа,
АДРА создаде партнерства со Светската програма за храна, УНХЦР, СЗО, УНИЦЕФ и други организации на ОН. Заедно со нив, само во текот на 2013 година, помогнавме на 1.964.085 луѓе од целиот свет.
Како организација, АДРА создава партнерства со јавни организации кои имаат важна улога во исполнувањето на нашата мисија. Со здружување со владини агенции за помош и хуманитарни организации ширум светот,
АДРА ги проширува можностите за нови достигнувања и го продлабочува својот капацитет.
Партнерствата кои ги создава оваа хуманитарна организација се во насока на обезбедување помош при итни случаи и развој на проекти кои опфаќаат различни земји и сектори.
Оваа интернационална организација добива поддршка од Канцеларијата на САД за поддршка на странски држави при катастрофи (OFDA) и Агенцијата на САД за меѓународен развој – Храна за мир (USAID FFP).
Со континуирана поддршка од партнерите, АДРА успешно обезбедува помош и поддршка за сите оние кои живеат во сиромаштија и се изложени на страдања. Со одговорно дејствување,
нашите посветени тимови на волонтери успешно создаваат реални промени во многу општества.
Домашни
Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи, Министерство за образование, Министерство за Здравство, Црвен Крст на РМ и на Град Скопје,
Локалните самоуправи на Штип, Ресен, Струмица, Македонски Брод, Виница, Центрите за социјални работи на Другово, Ново село, Гевгелија, Скопје,
Јавна Установа за лица со интелектуална попреченост во Битола, Мајчин Дом Битола, ПОУ Иднина Скопје, ПОУ Сандо Масев Струмица,
Посебно Средно Училиште за образование и рехабилитација ИСКРА Штип, ЦЛИП-Порака Прилеп, ОУ Климент Охридски Македонски Брод, Детска Клиника Скопје,
Болница за белодробни заболувања на деца Козле- Скопје, ОУ Кочо Рацин од село Блатец- Виница.
Меѓународни
UNHCR, IOM, ADRA International, UNICEF, ADRA Германија, ADRA Norway, ROMANIAHJELPEN, SOS Village, ADRA Holland, Mercy Corps, CRS, MDM.
АДРА секогаш е посветена во спроведување на високи стандарди на транспарентност и финансиска одговорност при работењето и креирањето на нашите програми.
Финансиските извештаи на АДРА Интернационал на годишно ниво се лесно достапни, со што се овозможува преглед на влијанието на нашата мрежа во глобални рамки.
Адреса:
ул. Влае бр. 42, Скопје 1000, Р. Македонија
14 години активност во хуманитарен менаџмент, во соработка со релевантни институции и локални невладини организации, УНХЦР, ИОМ, ОБСЕ, УНДП, УНИЦЕФ, АјЈДЕ МАКЕДОНИЈА и др...
HR-специјалист. Повеќегодишно искуство во оперативно менаџирање и управување со проекти. Под негов директен надзор и логистика, помогнати и развиени се над 100 бизниси во Македонија и регионот.
Сертифициран тренер за развој на кариера, лидерство и образование. Експерт за управување со кампањи, застапување и лобирање,
управување со финансиите за меѓународни проекти и финансиските извештаи на УНХЦР, УНДП, УСАИД, БПРМ, ОФДА, СИДА, ЕУ.
Како можам да волонтирам за АДРА?
На меѓународно ниво, се потпираме на вештините и услугите на локалните волонтери за имплементација на нашите програми. Волонтерите играат клучна улога во помагањето да допреме до заедниците на кои им е потребна помош.
Отворените позиции за волонтирање се различни во секоја канцеларија на АДРА.
Како се финансира АДРА?
Во 2013 година трошоците на програмите на АДРА достигнаа 137 милиони долари. Овие средства беа собрани преку придонес од хумани индивидуи како вас, корпорации, фондации и други ентитети. Исто така добиваме финансиски средства и продукти од владини и меѓувладини организации како што се УСАИД и Обединетите нации.
Со што се занимава АДРА?
Преку нејзината меѓународна мрежа, АДРА обезбедува помош и поддршка за развој на поединци во повеќе од 130 земји – без разлика на нивната етничка припадност, политичка определба или религија. Преку остварување партнерства со заедници, организации и власти, АДРА овозможува подобрување на квалитетот на животот на милиони луѓе преку 9 области на влијание.
Што се крие зад името АДРА?
Адвентистичката агенција за помош и развој (Adventist Development and Relief Agency – ADRA) е глобална хуманитарна организација на Црквата на адвентистите на седмиот ден. Основана во 1956 година како Добротворна служба на адвентистите на седмиот ден, и преименувана во АДРА во 1984 година, агенцијата има долга и успешна историја на обезбедување хуманитарна помош и на имплементирање развојни иницијативи.